Фудбалската федерација на Нигерија објави дека се разделува со тренерот Бруно Лабадија и тоа го направи само три дена откако тој пристигна на функцијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што потврдија од Фудбалскиот сојуз тие одлучиле да се разделат откако Лабадија барал тие да му го плаќаат и данокот на неговата плата.
„Не сме во можност да преземеме таква одговорност за исплаќање на дополнителни пари помеѓу 32 и 43 отсто од неговата месечна плата“, потврдија од Фудбалскиот сојуз на Нигерија.
Веќе е потврдено и дека негов наследник на селекторската позиција ќе биде Агустин Егуавон.