Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерите на Нигерија останале 13 часа на аеродром без храна и вода: Не сакаат да го играат натпреварот

Фудбалерите на Нигерија останале 13 часа на аеродром без храна и вода: Не сакаат да го играат натпреварот

Нигериската фудбалска репрезентација одлучи да не го игра натпреварот против Либија во квалификациите за Африканскиот куп на нации, кој требаше да се одржи утре, поради „нехуманите услови“ на кои е изложена откако пристигна во Либија, oбјавија од оваа репрезентација

Нигерија била задржана на напуштен аеродром во Либија повеќе од 13 часа, а не им биле обезбдени ниту основни услови како храна и вода.

Фудбалската федерација на Нигерија испрати жалба до Африканскиот федерација, а се огласи и капитенот на селекцијата Трост-Еконг.

„Како капитен на тимот и во договор со остатокот од тимот решивме да не го играме овој натпревар. Им даваме бодови. Нема да се согласиме да патуваме ниту со обезбедување, можеме само да замислиме каков хотел и храна би добиле, напиша тој на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…