Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска објави дека нов селектор на репрезентација е легендарниот Финиди Џорџ.
Џорџ на местото селектор на Нигерија го наследува Жозе Пезеира. Зад себе 53-годишниот стратег нема некоја посебно богата тренерска кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од 2021 година го водеше тимот на Емимба во неговата Нигерија, а сега ја доби довербата да седне на селекторскто столче. Дебито на клупата на Нигерија ќе го има на петти јуни во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Кога во прашање е неговата играчка кариера во Европа настапуваше за Ајакс, Бетис, Мајорка и Ипсвич, а во играчка пензија е веќе 20 години. Тој беше дел од „златната генерација“ на Нигерија која во 1994 година триумфираше на Афиканскиот Куп на Нации. За репрезентацијата собра вкупно 50 настапи.