Дома Топ вести Брајтон не застана и со потрошените 200 милиони евра: Се засили со турски репрезентативец!

Брајтон не застана и со потрошените 200 милиони евра: Се засили со турски репрезентативец!

Екипата на Брајтон иако со претходниот трансфер на Мет О’Рајли ја надмина границата на потрошени 200 милиони евра, не застана тука.

„Галебите“ го потврдија и трансферот на турскиот репрезентативец од редовите на Фенербахче, Ферди Кадиоглу.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За неговите услуги Брајтон плати сума од 33.5 милиони фунти и тоа е рекорд на еден излезен трансфер од турската Суперлига.

Со Брајтон, Кадиоглу потпиша договор на четири години и истиот има опција да биде продолжен на уште една сезона. Платата која ќе ја заработува во премиерлигашот ќе изнесува 2.5 милиони фунти по сезона.

Инаку, станува збор за фудбалер кој е роден во Холандија и кариерата ја започна во НЕЦ Нијемеген, а во 2018 година се пресел иво Фенербахче. За турскиот клуб одигра 204 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…