Дома Топ вести Миовски дебитираше за Џирона, Облак го спречи да го постигне деби-голот (ВИДЕО)

Миовски дебитираше за Џирона, Облак го спречи да го постигне деби-голот (ВИДЕО)

Бојан Миовски ова лето го напушти шкотскиот Абердин и се пресели во редовите на шпанската Џирона.

Македонскиот фудбалски репрезентативец во второто коло од „Ла Лига“ го имаше своето деби на гостувањето кај Атлетико Мадрид.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Домаќините слабеа убедливо со 3:0, првиот гол беше дело на Гризман во 39 минута, на стартот од вториот дел позитивата ја зголеми Љоренте. А за 3:0 се погрижи Коке во судиското надополнување.

Миовски при негатива од 2:0 влезе во игра како замена за Абел Руиз, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Во неделата се одиграа уште три натпревари: Реал Мадрид – Ваљадолид 3:0, Леганес – Лас Палмас 2:1 и Алавес – Бетис 0:0.

Шансата на Миовски погледнете ја во 68 минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн броеше до девет, Ливерпул го освои Сан Сиро

Возбудливо и ефикасно во првото коло од ЛШ, каде Ливерпул го доби дербито со Милан, а Баер…