Килијан Мбапе ова лето се пресели во Реал Мадрид како слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мбапе после седум години го напушти ПСЖ, но не се разделија во најдобри односи бидејќи замина без обештетување.
Французинот од поодамна имаше договор со Реал Мадрид и негов сон беше да го облечи „кралскиот“ дрес.
Сега една година подоцна е откриено дека минатото лето ПСЖ ја прифатил понудата на Ал Хилал кој понудил речиси 200 милиони евра за Мбапе, потоа прифатил и понуда од Ливерпул, меѓутоа Мбапе ги одбил бидејќи сакал само во Реал.