Дома Фудбал Англија Клупската телевизија на Манчестер Јунајтед направи голем гаф

Клупската телевизија на Манчестер Јунајтед направи голем гаф

Maнчестер Јунајтед го победи Ренџерс со 2:0 во подготвителниот натпревар за новата сезона.

Сепак, наместо за победата и головите на Амад Диало и Џош Хугил, навивачите на клубот зборуваат за киксот што се случи за време на репортажата во живо на новинарката кој работи на клупската телевизија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред почетокот на натпреварот одигран на стадионот „Марејфилд“ во Единбург, таа ги интервјуираше навивачите кои пристигнаа на стадионот, меѓу кои и еден кој го носеше третиот дрес на тимот за новата сезона. Проблемот е што дресот се уште не е официјално претставен, па новинарката кога сфатила дека прикажала нешто што не треба интервјуто го завршила порано.

„Дејли Мејл“ ова го опиша како голем кикс на луѓето од клупската телевизија. Инаку, на третиот дрес на Манчестер Јунајтед ќе преовладува белата боја со црвено-црна лента на градите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб…