Дома Фудбал Останато Ѓуровски: Ако бев на местото на Тадиќ – немаше ниту да влезам во игра!

Ѓуровски: Ако бев на местото на Тадиќ – немаше ниту да влезам во игра!

Од натпреварот со Англија една од темите за која се пишуваше во регионот беше ситуацијата помеѓу капитенот на Србија, Душан Тадиќ и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

На оваа тема во интервју за „Моцартспорт“ зборуваше и Милко Ѓуровски кој порача дека според него Тадиќ ништо лошо не направил, а доколку тој бил во таква ситуација немало ниту да влезе во игра.

„Не знам…навистина не знам каква е таа приказна околу Тадиќ и зошто се крева толкава галама. Човекот кажа дека го почитува селекторот, но дека би сакал да игра од почетокот. Па секој сака да игра, веројатно и такаа треба да размислува секој фудбалер. Зошто да го осудам? Ја слушнавте ли изјавата? Не навлегувам во тоа дали е најдобар…прво тој е капиутен. Кажа дека сака да игра од почеток и дека ја почитува одлуката. Не спомена дека е лут или дека нема да игра и слично. Во ред, седеше на клупата, потоа влезе. Јас на пример, не би влегол во игра.

Таков карактер сум. Не би влегол. Тој е мирен и фин дечко, само го кажа тоа што му беше на душата. Го знае тоа и Пикси и тој бил во такви ситуации“, изјави Ѓуровски.

Во следниот натпревар на Европското првенство, Србија утре ќе се соочи со Словенија од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…