Дома Трансфер зона Заха по само една сезона се враќа во Англија и тоа во клуб со кој ќе игра во ЛШ?

Заха по само една сезона се враќа во Англија и тоа во клуб со кој ќе игра во ЛШ?

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска минатата сезона го напушти Кристал Палас и како слободен играч замина во Галатасарај, а по само една година во тој клуб би можел да се врати на островот.

Сето ова и покрај тоа што има тригодишен договор со турскиот клуб.

Според информациите со кои располагаат турските медиуми, два англиски клуба се многу упорни во обидот да го вратат Заха во Премиер лигата, а тоа се Вест Хем и Астон Вила.

Астон Вила може да биде особено интересна за Заха со оглед на шансите следната сезона да игра во Лигата на шампионите. Сезонава Заха зад своето име има десет гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…