Дома Останати Кошарка Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позиција.

Под водство на Хам, Лејкерси постигнаа сооднос 90-74 победи-порази во лигата и во двете сезони мораа да го заработат патот до плеј-офот преку плеј-ин турнирот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Минатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција каде загубија од идниот шампион Денвер Нагетс со 0:4, додека годинава веќе во првото коло од плеј-офот повторно налетаа на Нагетс, кои беа подобри со победа од 4:1.

„Иако тоа е тешка одлука, тоа е и најдобриот начин на дејствување по комплетната анализа на сезоната. Оваа организација ќе остане целосно посветена на составување тим со калибар за титулата“, објави генералниот менаџер на 17-кратните шампиони во НБА, Роб Пелинка.

Претходно Хам изјави: „Последните две години беа пеколни да седите на ова столче, ви велам, тоа беше пекол“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ и Далас спречија „метла“ со историска победа над Бостон

Далас го победи Бостон со 122:84 на домашен терен во четвртиот натпревар од финалето на НБ…