Шпанскиот ветеран Рафел Надал како што најави ја игра својата последна сезона во кариерата и поради тоа ќе се обиде да настапи на колку што е можно повеќе турнири.
Денеска Шпанецот ги изненади фановите откако го потврди своето учество на престижниот „Лајвер Куп“. Надал ќе биде дел од „Тим Европа“ на турнирот кој се одржува од 20-ти до 22-ри септември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогаш најдобриот тенисер во светот ќе игра во тим заедно со Алкараз, Медведев и Зверев.
„Среќен сум што ќе играм на „Лајвер Купот“ во Берлин заедно со Тим Европа. Од ова натпреварување имам убави спомени. Кога сум во овој дел од кариерата ќе се обидам да настапам на колку што може повеќе турнири“, изјави Надал.
Надал низ кариерата претходно трипати настапи на овој турнир.