Дома Трансфер зона Реал Мадрид се засилува со еден од најголемите аргентински таленти?

Реал Мадрид се засилува со еден од најголемите аргентински таленти?

Реал Мадрид по успешните трансфери на Винисиус, Родриго и скоро комплетираниот трансфер на Ендри се сврте кон Аргентина каде што најде нов „бисер“.

„Марка“ пишува дека нова мета на „кралскиот клуб“ е 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Во последниве недели, луѓе од Реал Мадри го посетиле Буенос Аирес со цел на дело да ги видат квалитетите на 16-годишникот.

Мастантуон одигра само девет натпревари во првиот тим на Ривер, но тоа беше доволно да го привлече вниманието на себе. Ривер исто така реагираше со подобрување на неговиот договор кој истекува 30-ти јуни 2026 година. Клазулата која сега ја има во договорот изнесува 45 милиони евра. Ако се случи Реал Мадрид да ја плати оваа сума тогаш тој би бил најскапиот трансфер во историјата на аргентинскиот клуб.

Како и да е сигурно Мастантуон го следат и други европски клубови, меѓутоа Реал веќе прави конкретни потези. „Кралевите“ сакаат да го обезбедат неговиот потпис и тој да пристигне во Мадрид кога ќе наполни 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…