Во својот последен натпревар екипата на Денвер Нагетс славеше победа против Торонто Репторс со резултат од 125-119, а најзаслужен за победата како и најчесто оваа сезона беше Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 35 поени, 17 скока, 12 асистенции и шест украдени топки. И покрај неговите одлични бројки, американските медиуми почнаа да објавуваат забелешки за неговото неспортско однесување на теренот,.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, кога судиите ќе донесат одлука која може да биде промената со т.р челенџ Јокиќ бара мал прекин затоа што мора да ги врзе патиките. Тоа го направи и против Бостон претходно и на последниот дуел со Торонто.
Ваквиот негов потег сега е забележан, па според последните најави НБА планира одредени промени.
Jokic did it again lol. Fake ties his shoe so the Nuggets have time to review a play https://t.co/1CLd1pAxth pic.twitter.com/DeRe0MpbOO
— Amit Mann (@Amit_Mann) March 12, 2024