Дома Фудбал Италија Болоња направил гест за почит кон семејството на Михајловиќ

Болоња направил гест за почит кон семејството на Михајловиќ

Фудбалскиот клуб Болоња направи гест за почит кон семејството на починатиот Синиша Михајловиќ. Имено, италијанскиот клуб продолжил да ја исплаќа договорената плата на Михајловиќ на неговото семејство се до истекот на договор (јуни 2023).

Сопругата на српскиот тренер, Аријана Михајловиќ во интервју за италијанскиот „Месенџеро“ ги откри ваквите информации.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Болоња ја исплаќаше платата на Синиша се до последниот ден од неговиот договор во јуни 2023. Тоа беше неверојатен гест кој ми даваше одредена сигурност во деновите кога бев во голема конфузија. Никој од нас нема да го заборави тој посебен клуб и град“, изјави Аријана.

Во наредното 25-то коло во Серија А ќе се сретнат Болоња и Лацио (18-ти февруари, 12:30 часот).

„Знам дека тоа е натпревар на Синиша. Ќе бидам на стадионот и ќе се вратам поблиску до фудбалот од кој се одалечив. Моите синови исто така се заинтересирани за тој натпревар, тие се навивачи на небесносните. Навивачите на Лацио се посебни, направија да не се чувствувам сама“, изјави Аријана.

Михајловиќ на клупата на Болоња пристигна во 2019 година и тимот го водеше на 131 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски во Лигата на шампионите направи нешто што никој претходно не направил

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој, играјќ…