Реал Мадрид вчера со убедливи 4:1 ја совлада Барселона во Суперкупот на Шпанија, а играч на мечот беше Бразилецот Винисиус Жуниор кој постигна хет-трик.
Винисиус својот прв гол на средбата го прослави со познатата прослава на Кристијано Роналдо кој беше на трибините и го следеше натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ја направив „Сиу“ прославата затоа што Роналдо е мојот идол. Многу сум среќен во овој тим, правиме посебни работи“, изјави Винисиус по средбата.
Vinicius with the Siuu. Ronaldo's legacy will live forever, what will modern players use to remember Messi? absolutely nothing pic.twitter.com/zptIxFY5oZ
— Twilight (@the_marcoli_boy) January 15, 2024
На крајот од натпреварот Винисиус влезе и во конфликт со клупата на Барселона.
„Тие сакаа да се тепаат со мене јас се трудам да останам фокусиран. Некогаш зборувам премногу, некогаш дриблам и кога не треба…имам уште работи да учам“, изјави Винисиус.