Дома Топ вести Вака се работи: До лани играа во Втората српска лига, а сега продадоа играч за пет милиони евра

Вака се работи: До лани играа во Втората српска лига, а сега продадоа играч за пет милиони евра

ФК ИМТ Нови Београд е нов српски прволигаш, а сега се најде во центарот на вниманието на медиумите во регионот откако продаде играч за сума од пет милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона овој клуб направи историски успех откако како првопласирани во Втората српска лига се пласираа во Суперлигата на Србија.

По само една полусезона во најсилната српска лига тие ќе продадат играч за неверојатни пет милиони евра и со тоа ќе испишат клупска историја кога се трансферите во прашање.

Станува збор за фудбалерот Милош Луковиќ кој има само 18 години. Информациите на „Л’Eкип“ се дека преговорите помеѓу Стразбур и ИМТ се одвивале забрзано и трансферот ќе се реализира во јануари.

На 19 натпревари во Суперлигата Луковиќ постигна 10 гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…