Дома Македонски спорт Димитриевски за својата иднина: Преговараме со Рајо…

Димитриевски за својата иднина: Преговараме со Рајо…

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски брани во одлична форма во дресот на Рајо Ваљекано, а од 1-ви јануари тој би можел слободно да преговара со други клубови бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Димитриевски се поврзуваше со трансфер во Валенсија, Севиља и Виљареал, меѓутоа по вчерашниот натпревар во кој Рајо славеше 2:0 против Гетафе најави останување во овој клуб.

Новинарите ги интересираше дали Рајо и Димитриевски преговараат за нов договор на што македонскиот голман одговори потврдно.

„Нов договор? Среќен сум тука, имам добра комуникација со претседателот и сите останати. Преговараме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе се обидеме да ја донесеме најдобрата одлука за мене и за клубот“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…