Инцидент се случил по натпреварот од Третата лига Север помеѓу екипите на Фортуна и Куманово кој завршил со победа од 1:3 за гостинската екипа.
Според официјалниот записник домашни фудбалери физички нападнале гостински, а потоа избегале во соблекувалната да не добијат црвени картони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судија на овој натпревар беше Димитар Пилешков кој суди и на натпревари од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
“Натпреварот одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот доцнеше 15 мин, поради промена на дресовите на двете екипи. Видео матерјалот е предаден на контролорот.
По завршување на натпреварот домашните играчи со бр. 21 Реџепи Иса и играчот со бр. 26 Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала. Играчите со бр 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“, стои во записникот.