
Ракометниот дуел меѓу Куманово и Тиквеш (27-28) понуди вистинска драма, но овојпат не само на теренот, туку и надвор од вообичаените рамки на играта. Во натпревар исполнет со атрактивни потези и силни удари, се случи сцена каква ретко се гледа – еден од судиите заврши „нокаутиран“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полувреме, ракометарот на Тиквеш, Богдан Мијушковиќ, испрати силен шут кон голот во обид да ја намали предноста на Куманово (7-3), но топката, наместо во мрежата, заврши право во градите на битолскиот судија Методија Илиевски. Ударот беше толку силен што судијата остана без здив и мораше кратко време да се опорави пред да го продолжи натпреварот.
По кусата пауза, Илиевски успеа да се врати на теренот и да го доврши мечот заедно со својот брат и колега Михајло. Додека судиската двојка храбро ја заврши задачата, кавадарчани направија голем пресврт и со борбена игра стигнаа до целосен триумф.