Aктуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум ги обнови договорите со двајца многу важни фудбалери.
Имено, нови договори денес потпишаа повремениот македонски репрезентативец Марјан Радески и српскиот интернационалец Сава Радиќ до 2025 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
28-годишниот Радески во Струга пристигна во јануари од редовите на Пјуник Ереван. Оттогаш одигра 27 меча и даде 10 голови.
Српскиот стопер во клубот дојде една година пред Радески, односно во јануари 2023 година од Академија Пандев и веднаш се наметна како столб во одбраната.