Дома Фудбал Репрезентации Капитенот на Англија доби свирежи, Саутгејт се налути: Тој ја дава душата за овој тим…

Капитенот на Англија доби свирежи, Саутгејт се налути: Тој ја дава душата за овој тим…

Aнглија на „Вембли“ одигра пријателски натпревар против Австралија, а капитенот на репреентацијата, Џордан Хендерсон во овој дуел се соочи со непријатности.

Хари Кејн не беше во составот, па Хендерсон ја имаше улогата на капитен. На теренот Хендерсон беше до 63. минута, а кога беше заменет доби силни свирежи од трибините.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Незадоволство поради таквата ситуација истакна селекторот Герет Саутгејт.

„Не разбирам, Хендерсон за Англија одигра 79 натпревари и е важен дел за оваа селекција. Им помага на младите играчи како што е Белингам. Пример е за секого, ја дава душата за Англија и вака навивачите му возвраќаат. На кого ќе помогнат свирежите?“, порача англискиот селектор.

Хендерсон летово го напушти Ливерпул и се пресели во Ал-Етихад каде што соработува со Стивен Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Четворица кандидати за наследник на Чави во Барселона

Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по н…