Дома Фудбал Англија Неверојатно – Ова е фудбалерот со најмала плата од првата постава на Челзи

Неверојатно – Ова е фудбалерот со најмала плата од првата постава на Челзи

Челзи е актуелен шампион на Англија и клуб кој веќе со години одлично ги плаќа своите фудбалери. Некои од најплатените играчи во лигата настапуваат за Челзи, но интересно, во соблекувалната некои се и „скромно“ платени, така што нивната неделна плата е неколку пати помала од нивните колеги.

Андреас Кристенсен е најлошо платениот првотимец во лондонскиот клуб. Неговата неделна плата изнесува 35.000 фунти, додека, на пример, Едер Азар заработува 200.000 фунти неделно.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот Данец оваа сезона има свое место во екипата, но неговото вистинско време допрва доаѓа. Има само 21 година, а веќе игра сериозен фудбал во Премиер лигата. Тешко е да се замисли каде се неговите граници.

Со игрите најверојатно ќе дојде и подобар договор, а дотогаш му преостанува напорно да работи со надеж дека шефовите ќе го видат тоа и ќе го наградат. Сепак, во модерниот фудбал, парите кои Данецот ги заработува не се за посебна пофалба, но за „обичните“ луѓе тоа делува како вистинско богатство.

За тоа време, соблекувалната има простор да си прави шеги на сметката на младиот колега кој не го потпиша договорот на животот. Во шега би можело да се каже дека „едвај врзува крај со крај“, иако парите кои ги прима за луѓето се незамисливи.

За споредба, Диего Коста кој се уште е под договор со Челзи, неделно заработува 185.000 фунти, додека платата на Цеск Фабрегас изнесува 155,000 британски банкноти. Вилијан и Давид Луиз заработуваат по 120,000 фунти, додека Алваро Мората 100,000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците убедени: Рашфорд веќе покажува дека ќе биде големо засилување за Барселона!

Маркус Рашфорд веќе навестува дека ќе биде значајно засилување во Барселона. Иако е учесни…