Во фокусот на јавност и денес е инцидентот кој се случи во понеделеникот во пресметката помеѓу навивачките групи на АЕК и Динамо во која животот го загуби едно лице.
Уапсени се 94 лица, а грчката полиција смета дека барем уште 50-тина хрватски навивачи се во бегство. Од уапсените 94, дури 89 се Хрвати, пришува грчкиот портал „Newsbomb“. Според последните информации во пресметката учествувале и навивачи на Панатинаикос, но засега тоа не е официјално потврдено.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во грчките медиуми утрово се пишува за односот на уапсените хрватски навивачи во полицијата кои ги опишуваат како војници.
„Уапсените даваат свои ДНК примероци, но на испитувањето се однесуваат како војници. Малку и одмерено зборуваат, нивните изјави се добро промислени, изгледаат остро и не се под стрес“, пишува грчкиот портал повикувајќи се на извори од истрагата.
Според првичните информации, Хрватите во полиција тврделе дека немале намера да прават проблеми во Грција и дека пристигнале само за да дадат „психолошка поддршка“ на Динамо, иако УЕФА забрани присуство на гостински навивачи на трибините.
Се пишува и дека имаат неверојатна теорија. Наводно, тие тврделе дека биле нападнати од неколку грчки семејства и така започнал инцидентот. Но, не можеле да објаснат зошто биле наоружани со палки и ножеви.