Дома Топ вести Ал Хилал нуди решение за проблемот на Мбапе: Една сезона во Саудиска Арабија, а потоа во Реал

Ал Хилал нуди решение за проблемот на Мбапе: Една сезона во Саудиска Арабија, а потоа во Реал

Иднината на Килијан Мбапе е главна тема во светот, откако ПСЖ дефинитивно го исфрли од тимот и не го повика на турнејата во Јапонија.

Парижаните со сите сили се обидуваат да се ослободат од 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор тој да се пресели во Мадрид следното лето како слободен агент и да добие бонус од 100 милиони евра.

 Ал Хилал е подготвен да го купи Мбапе на една година и така да го реши проблемот. Французинот една година да игра во Саудиска Арабија, а следното лето да се пресели во Мадрид.

Мбапе засега не е заинтересиран за таква опција и неговиот став е дека осанува во ПСЖ уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…