Пари Сен Жермен летово остана без Лионел Меси, а Килијан Мбапе најави дека нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на наредната сезона.
Тоа би значело дека Французинот клубот ќе го напушти бесплатно. ПСЖ се обидува да избегне таква ситуација и му постави ултиматум – да биде продаден летово или да потпиш нов договор. Засега не е познато каква ќе биде иднината и одлуката на напаѓачот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сега пристигнуваат информации дека ПСЖ сака на својот најдобар фудбалер да му понуди договор вреден 1.11 милијарди долари со времетрање од 10 години. Со овој договор Мбапе би станал милијардер и најплатен спортист во историјата.
Дресот на ПСЖ, Мбапе го носи од 2017 година и настапи на 260 натпревари и постигна 212 голови.
🚨 PSG are preparing to offer Kylian Mbappé a 10-year contract, worth over €1 billion. The Emir of Qatar himself has given the green light on the deal. 🇶🇦
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 21, 2023
(Source: @defcentral) pic.twitter.com/b3ILCyhMNG