Дома Фудбал Останато Германски бизнисмен со предлог до Баерн: Сака да го доведат Роналдо, а тој да го финансира трансферот!

Германски бизнисмен со предлог до Баерн: Сака да го доведат Роналдо, а тој да го финансира трансферот!

Германскиот бизнисмен Маркус Шон (48) даде предлог на директорот Оливер Кан како да го доведе Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот на 38-годишна возраст одлучи да направи трансфер во Ал Наср од Саудиска Арабија, а претходно се поврзуваше со Баерн, но Баерн не се одлучи да го доведе. Сега Шон испрати предлог до гигантот од Минхен.

„Ние (една од неговите фирми) би можеле да го платиме трансферот или некаква позајмица“, изјави Шон во интервјуто за „Аbendzeitung Munchen“. Шон призна дека е голем фан на Роналдо и би сакал да го види како игра за Баерн пред да ја заврши кариерата.

Шон е спремен една од неговите фирми која се занимава со продажба на градежни материјали да учествува во трансферот, а за возврат бара процент од продажбата на дресови. Баерн се уште не одговорил на овој необичен предлог, меѓутоа поради годините на Португалецот тешко е да се поверува дека би влегле во ваква „акција“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри даде сигнал да се започне со ангажман на Влаховиќ

Жозе Мурињо, уште пред формалното враќање во Реал Мадрид, го посочи Душан Влаховиќ како за…