Дома Фудбал Италија „Ни одземаа 15 бодови, но овој тим има душа и срце?“

„Ни одземаа 15 бодови, но овој тим има душа и срце?“

Јувентус вчера славеше во големото дерби против Интер на „Џузепе Меаца“ со 1-0, а стрелец на голот беше Филип Костиќ во 23. минута.

Тренерот Масимилијано Алегри беше задоволен со настапот на неговата екипа, зашто таа сè уште покажува страст на теренот, иако на Јувентус му беа одземани 15 бодови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Цел тим се поправи и среќни сме. Не му дозволивме на Интер да ни даде гол. Ни одземаа 15 бодови, но ние покажавме дека имаме срце, страст и душа. Играме и четвртфинале во Лига Европа, но и полуфинале во Купот“, кажа Алегри.

Јувентус се жали на одлуката на Серија А да одземе 15 бодови, а конечната одлука на арбитражниот суд ќе биде позната на 15 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…