Иднината на Ромелу Лукаку е главна тема откако Интер потврди дека нема да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукаку ќе се врати во Челзи на крајот на позајмицата, а јасно е дека за него нема повеќе место на „Стенфорд Бриџ“.
Интерес за 29-годишниот напаѓач покажува Карло Анчелоти, кој сака да го доведе во Реал Мадрид.
„Кралевите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, а Анчелоти смета дека Лукаку одлично може да ја игра таа улога.
Челзи за неговиот потпис пред две години плати 100 милиони евра, а сега е спремен да го пушти за 50 милиони евра, па дури да го даде и на нова позајмица.