Во зимскиот преоден рок Жоао Феликс се пресели во Челзи на позајмица и засега не е познато дали по истекот на позајмицата ќе продолжи да биде дел од „сините“.
Португалецот во својата последна изјава за медиумите порача дека му е добро, но сепак дали ќе остане не зависи од него и двата клуба треба да преговараат на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина добро се чуствувам во Челзи. Но во договорот нема опција за откуп и за да останам треба да има договор помеѓу клубовите. Челзи е топ клуб, брзо се адаптирав“. изјави Феликс.
Феликс го пофали и новото засилување на „сините“, Енцо Фернандез.
„Фернандез позитивно изненади, дефинитивно е фантастичен играч и вреди 121 милион евра, топ талент“, смета Феликс.
Се врати на неговата ситуација во клубот.
„Не можам да кажам дека мојата приказна со Атлетико е завршена затоа што не знам дали е така. Ќе видиме што ќе се случува на лето“, истакна Феликс.