Дома Трансфер зона Челзи на нов плејмејкер ќе потроши 75 милиони фунти?

Челзи на нов плејмејкер ќе потроши 75 милиони фунти?

Англискиот гигант Челзи сака да го засили средниот ред на екипата, а на листата со желби се наоѓа Мојсе Каиседо од Брајтон кој ќе ги чини над 75 милиони фунти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Сините“ се заинтересирани за Каиседо, кој во минатото соработуваше со тренерот Грем Потер кој добро го познава и сака да го има во екипата.

Челси во моментов се соочува со сериозни проблеми во средината на теренот затоа што се повредени Канте, Закарија и Лофтус-Чик, додека Жоржињо не игра на врвно ниво.

На листата со желби на Челси се наоѓаше и Енцо Фернандез, меѓутоа Бенфика не попушти и сакаше 120 милиони евра за неговиот трансфер.

До крајот на преодниот рок има помалку од две недели, а Челси ќе се обиде да комплетира уште некое засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…