Дома Топ вести Постигнат договор: Жоао Феликс се сели во Челзи

Постигнат договор: Жоао Феликс се сели во Челзи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Португалија, Жоао Феликс е на чекор од трансфер во Челзи.

Неколку клубови го сакаа Феликс откако стана јасно дека Португалецот ќе го напушти Атлетико Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Атлетико за 6-месечна позајмица за која ќе плати 11 милиони евра.

Атлетико најпрво само за позајмицата бараше 15 милиони евра, но се согласи да го пушти за 11 милиони бидејќи самиот фудбалер инсистира да ја промени средината.

Медиумите пренесуваат дека нема договорена одредена сума за откуп на лето, па по завршувањето на сезоната двата клуба повторно ќе седнат на преговарачка маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…