Ракометната федерација на Македонија го исполни ветувањето и ја исплатила премијата за машката кадетска репрезентација до 18 години кое ова лето го освои ЕХФ шампионатот во Рига.
РФМ по освојувањето на шампионатот вети премија од 700.000 денари, а сега е објавено дека таа премија е и исплатена.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освоено прво место на EHF Championship М18 Latvia 2022 во Рига, како и за обезбедување пласман на М20 EHF EURO 2024 и обезбедено учество на MU19 WCH 2023 во Р.Хрватска“, пишува во соопштението на РФМ.
Македонија на шампионатот оствари пет победи во исто толку натпревари.