Младиот Мик Шумахер извози два круга на патеката во Спа-Франкошамп, каде овој викенд се возеше Големата награда на Белгија, при што беше поздравен со аплауз од многубројната публика.
Синот од Михаел Шумахер го возеше култниот болид на Бенетон во кој неговиот татко во 1992 година ја оствари својата прва „Гранд при“ победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стариот звук на болидот го параше воздухот додека Мик ја возеше стазата, а пред секоја трибина публиката го дочекуваше со овации.
„Мило ми е што можев да учествувам во ова. Се надевам дека еден ден ќе учествувам во трките од Формула 1“, изјави Мик, кој моментално се натпреварува во Формула 3 и во генералниот пласман се наоѓа на 11-то место.
Инаку, цел изминат викенд во Белгија помина во знакот на Шумахер, откако Луис Хамилтон ја оствари својата 68 пол позиција во кариерата и со тоа се изедначи со легендарниот германски возач Михаел Шумахер. Хамилтон потоа и славеше победа за Големата награда на Белгија. Британецот започна од првата позиција и за време на целата трка беше во предност пред Себастијан Фетел од Ферари. Германскиот возач на крајот го освои второто место, а трет беше Даниел Рикардо од Ред Бул.
Шумахер денес се наоѓа на домашно лекување и е во вегетативна состојба, откако во 2013 година доживеа несреќен пад и тешка повреда за време на скијање.