Дома Трансфер зона Необична понуда: Галатасарај во понудата за Мертенс вклучи 30 летови до Неапол

Необична понуда: Галатасарај во понудата за Мертенс вклучи 30 летови до Неапол

Мертенс и Наполи не успеаа да се договорат за продолжување на соработката, па така Белгиецот ќе го напушти клубот.

Во претходниот период Мертенс се поврзуваше со Јувентус кој наводно му нудел плата од пет милиони евра по сезона за да го облече црно-белиот дрес, но таа понуда напаѓачот ја одбил.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според последните информации Мертенс е најблиску до преселба во Турција и тоа во екипата на Галатасарај. Наводно, Галатасарај му понудила четири милиони евра по сезона, плус бонуси и други поволности.

Мертенс би добил личен шофер, вила, но 30 летови до Неапол. Договорот би бил на една година со клазула за продолжување ако тимот се избори за пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…