Дома Трансфер зона Лено ќе го напушти Арсенал, но не и градот

Лено ќе го напушти Арсенал, но не и градот

Бернд Лено дефинитивно ќе го напушти Арсенал, а кариерата ќе ја продолжи во Фулам, пренесува Фабрицио Романо.

Иако Арсенал прво бараше 13 милиони евра за Германецот „топџиите“ одлучија да попуштат во преговорите и да го продадат на Фулам за 9.5 милиони евра за да заработат уште нешто ова лето. Арсенал досега заработи околу 14 милиони евра со продажбите на Матео Гендузи и Константинос Маврапанос.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Лено на „Емирати“ пристигна летото 2018 година од Леверкузен за 25 милиони евра. Првите три сезони беше стандарден на голот, но потоа го изгуби местото помеѓу првите 11.

Минатата година тој јавно го критикуваше тренерот Артета што го отстрани од првиот тим и така само си го влоши својот статус. Со целата ситуација неговото заминување летово и беше очекувано.

Во Фулам Лено се очекува да биде прв голман пред Марек Родак и Паул Газанига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…