Дома Фудбал Италија Главниот спонзор не му плаќал на Интер

Главниот спонзор не му плаќал на Интер

Главниот спонзор на Интер „Digitalbits“ не го направил очекувато прво плаќање до „нероаѕуроте“, пренесува „Газета дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тие потпишаа четиригодишен договор вреден 85 милиони евра со миланскиот гигант на почетокот на сезната 2020/21.

Во првите две сезони тие беа претставени со реклама на ракавот, а од оваа сезона требаше да го земат местото на генерален спонзор на дресот.

Имено, компанијата до сега не извршила плаќање, па Интер реши да го скрие логото до моментот кога ќе биде извршено плаќањето.

„Нероаѕурите“ во сабота играат против Лион пријателски натпревар и на дресовите нема да стои името на компанијата.  Од клубот се надеваат дека проблемот ќе биде решен до првото коло од Серија А на 13 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Моуринјо ќе го преземе Реал Мадрид, тренерот ја информираше и Бенфика

Очекуваниот враќање на Жозе Моуринјо во Реал Мадрид помина два часа денес во базата на Бен…