Jувентус во овој преоден рок веќе ги доведе Пол Погба и Анхел Ди Марија и се очекува тие да бидат големи засилувања, а до крајот на преодниот рок веројатно ќе пристигне уште некое засилување.




Навивачите очекуваат подобра сезона од претходната, а во таква насока е и изјавата на стратегот на црно-белите Масимилијано Алегри.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Минатата сезона Јувентус не освои трофеј. Сега има промени со доаѓањето на Погба и Ди Марија, тука е младиот Гати, ни се враќаат Киеза и Мекени. Очекуваме да има поконкурентен тим и ќе направиме за да го вратиме Скудетото кај нас. Сакаме добра сезона и во Лигата на шампионите, многу важни ќе бидат првите три месеци“.




За Погба и Ди Марија има само пофални зборови.




„Погба и Ди Марија се многу важни од технички пголед, тие го подобруваат тимот и го намалуваат притисоикот врз помладите играчи. Сигурно сме многу подобри со нив. Погба пристигнуа со голема глад и желба за одмазда, веруваме дека ќе ни биде од корист. Технички и физички тој е многу поразличен од другите во тимот“, изјави Алегри.