Дома Трансфер зона Барселона ја испратила последната понуда за Левандовски, двете страни блиску до договор

Барселона ја испратила последната понуда за Левандовски, двете страни блиску до договор

Приоритет за Барселона оваа сезона е Роберт Левандовски.

Најдобриот стрелец на Баерн и Бундеслигата во минатата сезона исто така работи на својот трансфер. 33-годишникот неколку пати изјавуваше дека сака промена и дека повеќе не чувствува ништо за Баерн и Барса ја наведе како можна опција.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Неговиот договор истекува на крајот на наредната година и Баерн во случај да замине сака да заработи на него. Раководството на германскиот тим бара 50 милиони евра за полскиот голгетер.

Според последните информации Барселона испратила понуда од 40 милиони евра плус дополнителни бонуси во висина од пет милиони евра. Оваа понуда е веројатно и нивна последна.

Најавите се дека двете страни сега се блиску до договор и оваа формула 40+5 би можела да биде прифатена од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…