Дома Трансфер зона Умтити конечно ја напушта Барселона

Умтити конечно ја напушта Барселона

Самуел Умтити ова лето конечно ќе се раздели со Барселона, пренесуваат каталонските медиуми

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот веќе две години се обидува да го продаде Французинот, кој пак категорично ги одбиваше сите понудите. Умтити се согласи да ја намали својата плата во јануари, кога потпиша нов договор со Барса.

Сепак, за целата сезона тој забележа само еден натпревар во Ла Лига, а сега е спремен да ја промени средината.

Според „Екип“, Фиорентина подготвува понуда за 28-годишниот Французин, а другата опција е неговиот поранешен клуб Лион.

На „Камп Ноу“ се подготвени да го пуштат Умтити без обештетување само да се ослободат од неговата плата, бидејќи има договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…