Дома Трансфер зона Јунајтед ја подобри понудата, Де Јонг на чекор од „Олд Трафорд“

Јунајтед ја подобри понудата, Де Јонг на чекор од „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед се надева дека до крајот на неделата ќе го финализира трансферот на Френки де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новинарот Фабрицио Романо, „црвените ѓаволи“ ги засилиле преговорите со Барселона нудејќи фиксна сума од 65 милиони евра плус бонуси од 10 милиони. Претходната понуда на англискиот гигант вредна 60 милиони евра веќе е одбиена.

Од „Олд Трафорд“ се оптимисти дека овојпат ќе се постигнат договор и Барса ќе каже ДА. Дури и да се случи тоа, не е јасно дали самиот играч ќе биде подготвен да игра за Манчестер Јунајтед. Тој е среќен во Барселона и му се допаѓа стилот на игра на тимот под водство на Чави Ернандез.

Покрај тоа, „црвените ѓаволи“ следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Каталонците мора да продадат барем една ѕвезда поради финансиски проблеми и се одлучија тоа да биде Де Јонг, па го притискаат Холанѓанецот да го прифати трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…