Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го донесе својот „пулен“ од Ајакс, Бразилецот Ентони.
22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Првата понуда од Манчестер Јунајтед беше одбиена, а сега во трката за Бразилецот се вклучи и Челзи. „Сините“ веќе стапиле во контакт со агентите на напаѓачот и сакаат да го „украдат“ пред носот на големиот ривал.
Челзи е спремен да ја плати сумата од 60 милиони евра која Ајакс ја бара за 22-годишниот крилен напаѓач.