Дома Трансфер зона Арсенал и Сити се борат за потписот на Фабиан Руиз

Арсенал и Сити се борат за потписот на Фабиан Руиз

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Манчестер Сити се силно заинтересирани за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.

Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па влезе во последната година од договорот, а нема најави за негово продолжување.

Поради тоа Наполи е спремен да го продаде ова лето за 30 милиони евра, а и самиот играч сака да направи чекор напред во кариерата.

Гвардиола и Артета бараат засилување за средниот ред и ќе водат битка за неговиот потпис ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…