Како и што се најавуваше Саутемптон се засили со голманот од Манчестер Сити Гавин Базуну
Голманската позиција веќе некое време е проблематична на Сент Мери – Фрејзер Форстер и Алекс Мекарти се сменија во таа улога во последните години. На Форстер му истече договорот со Саутемптон и веќе си најде нов клуб – како слободен играч го засили Тотенхем. Поранешниот член на „Граѓаните“ Вили Кабаљеро пристигна во клубот минатата сезона, но летово го напушта и Саутемптон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Базуну не се афирмираше во тимот на Гвардиола, но го сврте вниманието на себе со исклучителните настапи на позајмица и во репрезентацијата на Ирска, особено кога го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо.
Минатата сезона играше за Портсмут во Лига 1 и ја понесе титулата играч на сезоната.
За Ирска бранеше досега десет пати, а во клупскиот сениорски фудбал има одиграно вкупно 84 пати за Шамрок, Рочдејл и споменатиот Портсмут. Манчестер Сити го доведе 20-годишниот голман во 2017 година за 400.000 фунти. И покрај квалитетите, на „Етихад“ немаше место за Ирецот, заедно со Едерсон, Зек Стивен и Скот Карсон, кои неодамна потпишаа нов едногодишен договор со англискиот шампион.
Новата сезона во Премиер лигата започнува на 5 август – Манчестер Сити во првото коло ќе игра против Вест Хем, додека Саутемптон во Лондон ќе го пречека и Тотенхем.