Дома Трансфер зона Интер го договори трансферот на Михтарјан

Интер го договори трансферот на Михтарјан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го договорил првото засилување за следната сезона, а станува збор за Хенрих Михтарјан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер постигнал договор со Михтарјан, чиј договор со Рома истекува ова лето.

33-годишниот Ерменец не можеше да се договори со „волчицата“, па Интер ја искористи таквата ситуација и ќе го доведе на „Џузепе Меаца“ без обештетување.

 Интер ги задоволи неговите барања и му понуди двегодишен договор со 4 милиони евра по сезона, па во наредните денови играчот ќе пристигне на лекарски прегледи во Милано.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и ова лето главно ќе носат засилувања без обештетување, а во наредните денови се очекува да биде потврден трнаферот и на Пауло Дибала

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…