Полскиот напаѓач Роберт Левандовски уште еднаш ја потврди намерата да си замине од Баерн Минхен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Левандовски вчера беше во Монте Карло каде што присуствуваше на трката во Формула 1, а оваа прилика новинарите ја искористија и да му постават прашање за неговата иднина.




Клубот со кој најмногу се поврзува Левандовски е Барселона, па новинарите ги интересираше што им Левандовски да каже на оваа тема.




„Шпанија е одлично место. Имаме куќа таму. Барселона? Се зависи од многу фактори. Сепак, мојата ситуација е јасна и не сакам да бидам емотивен или да трошам зборови на оваа тема. Невозможно е да бидам фудбалер на Баерн следната сезона“, порача напаѓачот.