Дома Трансфер зона На терените после 12 години пауза се враќа некогаш најскапиот играч во светот

На терените после 12 години пауза се враќа некогаш најскапиот играч во светот

Познатиот бразилски фудбалер и некогаш најскап играч во светот, 44-годишниот Денилсон донесе одлука за враќање на терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Човекот за кого Бетис во 1998 година плата нешто повеќе од 31 милион евра со што го направи најскап фудбалер на сите времиња во тој момент се враќа после пауза од цели 12 години и ќе настапува во бразилскиот нисколигаш Ибис.

„Сега можам да кажам. Официјално е. Одлучив да се вратам на фудбалот после 12 години и од денес сум играч на Ибис. Одиме“, напиша Денилсон на Твитер.

Иако своевремено важеше за нова бразилска ѕвезда Денилсон не го оправда статусот најскап играч во светот. Играше добро во Бетис во 2005 година, но никогаш не стигна до статус каков што имаа многу колеги од неговата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…