Дома Трансфер зона Ливерпул ја сака ѕвездата на Борусија Дортмунд

Ливерпул ја сака ѕвездата на Борусија Дортмунд

Ливерпул покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот фудбалер остава одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.

Меѓутоа, трансферот на Белингам во моментов изгледа скоро невозможен бидејќи Борусија не сака да слушне за негова продажба, особено поради фактот што на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Халанд.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Ливерпул ќе се обиде на лето со богата понуда да ги убеди „милионерите“ да го пуштат.

Белингам ја доби и наградата на „Goal.com“ за најдобар млад фудбалер во Европа во конкуренција на 20 таленти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…