Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.
Дибала го загуби трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па на денешниот состанок го известил раководството дека заминува на крајот на сезоната.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Агентот на Дибала веќе разговарал со неколку клуба, а последните информации од Апенините се дека Барселона се вклучила во трката за неговиот потпис.
Чави смета дека Аргентинецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и ќе биде одлична замена за Дембеле.
Барселона е насочена кон доведување на слободни агенти, па медиумите сметаат дека Дибала ќе биде следната ѕвезда после договорите со Кристенсен и Кеси.