Дома Трансфер зона Ѕвездата на Ајакс: Барселона ме сакаше во јануари

Ѕвездата на Ајакс: Барселона ме сакаше во јануари

Николас Таљафико потврди дека во јануари бил блиску до трансфер во Барселона, но Ајакс го блокирал трансферот во последен момент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона го сакала Аргентинецот на позајмица со право на откуп, но Ајакс не се согласил и не дошло до договор помеѓу двата клуба.

Таљафико се надева дека на лето повторно ќе биде актуелен трансферот во Барселона и дека ќе се пресели на „Камп Ноу“.

„Барселона ме сакаше, преговараше со Ајакс, но не дојде до договор. Во јануари беше комплицирано, но се надевам дека на лето лесно може да се реализира трансферот“, изјави Таљафико.

Не е тајна дека Барселона сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција и да донесе алтернатива за Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…