Манчестер Јунајтед и ПСЖ сериозно ја разгледуваат можноста на лето да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.




33-годишниот напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, но се уште нема најава за продолжување на соработката.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Неговиот агент, Пини Захави изјави дека никој од Баерн не го контактирал за нов договор и не ја исклучува можноста Левандовски да ја промени средината на лето.




Најсилен интерес за полскиот голгетер покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои сакаат да ја искористат ситуацијата и да го донесат во своите редови.




„Билд“ пренесува дека Јунајтед веќе испратил богата понуда до Левандовски до 2025 година, но во следните денови Захави ќе има средба со раководството на ПСЖ.